Населбата и поширокото подрачје претставува најјужниоот дел од Р.Македонија и лежи на геогравска широчина од 41° но благодарение на височината на која лежат и најниските делови на теренот, климатските карактеристики во значителна мера одстапуваат од средоземната клима, која ова подрачје би трбало да ја има со оглед на својата геогравска положба. Ова подрачје од морската страна е оградено со високи планини така што многу малку се одразува влијанието на морето врз климатските одлики на теренот.

Во ова подрачје најтопли месеци се јули и август а најладни се јануари и февруари. Средната месечна температура во топлите месеци е 22°C, а во најладните се спушта и под 0°C. Средните годишни температури се ниски така да тие се задржуваат околу половина од годината и се некаде околу 10°C.Средните годишни врнежи се околу 1000мм. но тие се распределени во различни периоди и се редовно врзани со температурите така да најмногу ги има во ноември и декември, а најмалку во топлите летни месеци. Секако трeба да се спомене дека повеќе ги има во планинскиот предел. Висината на снежните врнежи достигнува и до 2м. Апсолутна минимална температура во зимските месеци  изнесува до -20°C.