ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СПОМЕНИКОТ НА ПРИРОДАТА

ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ

 – 2019-2029 година

Планот за управување со Споменикот на природата Вевчански Извори е работен по нарачка на општина Вевчани како субјект задолжен за управување со СП Вевчански Извори, а чиј финансиер е Македонското еколошко друштво, како дел од проектот Програма за закрепнување на балканскиот рис..

ПРИРАЧНИК ЗА МОНИТОРИНГ НА КЛУЧНИТЕ ВИДОВИ
ФЛОРА И ФАУНА И ТИПОВИ НА ЖИВЕАЛИШТА

 – За заштитеното подрачје Споменик на природата “Вевчански Извори”

Планот за управување со Споменикот на природата Вевчански Извори е работен по нарачка на општина Вевчани како субјект задолжен за управување со СП Вевчански Извори, а чиј финансиер е Македонското еколошко друштво, како дел од проектот Програма за закрепнување на балканскиот рис..

ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА ЗА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СПОМЕНИКОТ
НА ПРИРОДАТА “ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ“(2019 – 2029)

 – Нацрт верзија

Планот за управување со Споменикот на природата “Вевчански Извори“ (СПВИ) е подготвен од страна на национални експерти, во рамките на проектот Програма за закрепнување на балканскиот рис.

СТУДИЈА ЗА ПРОЦЕНКА НА БИОПОТЕНЦИЈАЛОТ НА НЕКОИ САМОНИКНАТИ ЛЕКОВИТИ, АРОМАТИЧНИ И
ОВОШНИ РАСТЕНИЈА

– (Мајчина душица – Thymus sp., Кантарион – Hypericum perforatum, линцура – Gentianna lutea и Боровинка – Vaccinium myrtillus)

Мапите на дистрибуција на секој растителниот вид поодделно се дадени во резултати, а воедно беа изработени и мапи на дистрибуција на сите растителни виидови на различен почвен тип.

Тврдокрилци на планината Јабланица

Со огромно задоволство ви го претставуваме едногодишниот труд на група млади истражувачи-биолози преточен во прирачник „Тврдокрилците (Coleoptera) на планината Јабланица“, со посебен акцент на Заштитеното подрачје „Споменик на природата Вевчански Извори“, каде најголем дел од локалитетите се во границите на заштитеното подрачје.

Овој прирачник е финансиран од Општина Вевчани, а е дел од проектот „Диверзитет и дистрибуција на сапроксилната тврдокрилна фауна на планината Јабланица и течението на реките Црн Дрим и Радика“, како дел од програмата за поддршка на млади еколози „д-р Љупчо Меловски“ спроведена од Македонско еколошко друштво.

Општина Вевчани и понатаму ќе биде водечка сила на сите оние кои сакаат да се занимаваат со научно-истражувачка дејност и да ги надополнат сознанијата за биодиверзитетот на планината Јабланица и „Споменик на природата Вевчански извори“.

Посакуваме ова да биде едно убаво надополнување на љубителите на планината Јабланица и на нејзините богати природни вредности.