Гостување на Дарко Ќитаноски од Еко-свест во „Ја сакам Македонија“ (2026)

Историска победа за заштитата на природата: Како граѓанската наука стана глобален мандат на IUCN (2025)

Предлог-резолуцијата 126 на IUCN: „Унапредување на граѓанската наука за поддршка и демократизација на заштитата на природата“ е усвоена со навистина огромна поддршка. Ова е монументален успех за целата заедница на граѓанска наука, а особено за Работната група за граѓанска наука при Комисијата за едукација и комуникација на IUCN, која имав чест да ја основам како член од Еко-свест.

Погледнете повеќе на линкот.

Еко-свест на Дрим Шорт фестивалот (2025)

Во рамки на програмата на Drim Short Film Festival, Eko-svest реализира низа активности посветени на еколошката свест, заштитата на природата и улогата на филмот како медиум за општествена промена. Еден од централните настани беше јавната дискусија на тема „Иднината на нашите води и живиот свет што ги населува“, која се одржа во пријатната атмосфера во Europe House Struga

Прочитај повеќе

Хармонија помеѓу човекот и природата – Споменик на природа Вевчански извори (2025)

Документарен филм насловен како „Хармонија меѓу луѓето и природата – Споменик на природата Вевчански извори“, продуциран како дел од проектот „Поддршка за одржливо управување со Споменикот на природата Вевчански извори“, имплементиран од Еко-свест.

Целта на овој филм е да се подигне јавната свест за вредноста на заштитените подрачја и многуте придобивки што тие ги носат за локалните заедници. Преку привлечни визуелни елементи и лични приказни, филмот ја нагласува блиската врска меѓу луѓето и природата и ја истакнува важноста на зачувувањето на таквите подрачја за идните генерации.

Документарецот пренесува неколку локални изјави чии приказни внесуваат автентичност и емоционална длабочина, вклучувајќи ги:

  • Академик Владо Матески, научник и експерт за природно наследство
  • Васил Радиноски, првиот градоначалник на Вевчани
  • Томе Алулоски, 90-годишен овчар кој целиот свој живот го поминал во планините
  • Тошо Чочороски, локален туристички и културен промотор
  • Тихомир Мурѓески, доживотен собирач на печурки и ентузијаст за природа.

Планинска вело тура – Вевчанска Голина – Локва (2025)

Вевчани повторно беше центар на авантурата и спортскиот дух, откако успешно се одржа традиционалната Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“ организирана од Рупикапра МТБ Струга и Еко-свест Вевчани, со поддршка од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори“, спроведуван од Еко-свест а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Турата годинава собра над 140 учесници од различни делови на државата, кои имаа можност да уживаат во 30-километарската рута низ живописните предели на планината Јабланица, со вкупна елевација од околу 1100 метри.

Стартот беше во 09:00 часот од центарот на Вевчани, а патеката ги водеше велосипедистите низ Споменикот на Природа Вевчански Извори, Јанков Камен, манастирот Св. Климент и селото Горна Белица, завршувајќи на атрактивниот видиковец Вевчанска Голина. За најистрајните, турата продолжи со кратко планинарење до глацијалното езеро Вевчанска Локва, кое се наоѓа на над 1960 метри надморска височина

Вевчани повторно беше центар на авантурата и спортскиот дух, откако успешно се одржа традиционалната Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“ организирана од Рупикапра МТБ Струга и Еко-свест Вевчани, со поддршка од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори“, спроведуван од Еко-свест а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Турата годинава собра над 140 учесници од различни делови на државата, кои имаа можност да уживаат во 30-километарската рута низ живописните предели на планината Јабланица, со вкупна елевација од околу 1100 метри.

Стартот беше во 09:00 часот од центарот на Вевчани, а патеката ги водеше велосипедистите низ Споменикот на Природа Вевчански Извори, Јанков Камен, манастирот Св. Климент и селото Горна Белица, завршувајќи на атрактивниот видиковец Вевчанска Голина. За најистрајните, турата продолжи со кратко планинарење до глацијалното езеро Вевчанска Локва, кое се наоѓа на над 1960 метри надморска височина

Обука за гаснење и превенција на пожари (2025)

На 28 јуни 2025 година, во Вевчани се одржа обука за превенција и спречување на шумски пожари, организирана од Еко-свест и Europe House Струга. Обуката беше наменета за граѓани и активисти кои сакаат да стекнат практични знаења за справување со шумски пожари и заштита на природата, особено во планинските подрачја.

Оваа активност е дел од пошироки напори за унапредување на еколошката свест и зајакнување на локалниот капацитет за дејствување во кризни ситуации. Темата за зачувување на Јабланица како природно богатство беше истакната како приоритет, особено во контекст на иницијативите за добивање на статус на национален парк. Тоа би значело посветеност на заштита, истражување и одржливо управување со подрачјето, како и вклучување на локалното население во процесите на планирање и спроведување на мерки за конзервација.

Едукација, авантура и креативност во срцето на природата (2025)

Вевчанските Извори станаа вистински центар на едукативни активности, каде ученици од различни училишта се запознаа со природата низ истражување, учење и креативност. Ова место, познато по своето природно богатство, стана инспирација за младите истражувачи кои преку интерактивни работилници го откриваа светот околу нив.

Теренските истражувања беа важен дел од програмата. Дел од учениците го истражуваа Белчишкото Блато, едно од најзачуваните мочуришта во Македонија, каде откриваа како водниот екосистем се поврзува со локалната историја и биодиверзитетот. Во исто време, млади истражувачи учествуваа во активности со најнова технологија – мерење трансекти, препознавање растителни и животински видови преку мобилни апликации, и стекнување знаења за тоа како да се заштитат шумите и водите.

Собери, рециклирај, креирај – од рециклирана пластика до иновација (2024)

Преку проектот Собери, рециклирај, креирај-од рециклирана пластика до иновација – Проект дел од програма за мали грантови(Глобален еколошки фонд), за локалните училишта набавивме компјутерски станици, 3Д печатари и екструдери за филамент. Со овие машини, учениците користат селектирани пластични шишиња и создаваат едукативни помагала. Овој проект го воведе 3Д печатењето како иновативен начин за реупотреба на пластични шишиња, кое не само што придонесе за намалување на отпадот, туку и ги едуцира младите за важноста на рециклирањето во заштитата на природата.

Иницијатива за заштита на кафеавата мечка (2024)

Преку Трилатералниот проект за кафеава мечка (ТББ) и Прекуграничниот проект за заштита на кафеава мечка (ТББЦ), Еко-свест се фокусира на неколку клучни области заштита на кафеавата мечка, како промовирање на прекуграничната соработка за заштита и подобрување на поврзаноста на популациите и живеалиштата, мониторинг и ублажување на конфликтите помеѓу човекот и мечката, и поддршка на работата на Интервентниот тим за крупни месојади. Исто така проектот опфаќа решавања на тековни проблеми и борба со криминалот врз дивиот свет, зајакнување на јавната свест и еколошко образование.
Како дел од проектите “ТББ” и “ТББЦ”, и проектот “Поддршка на одржливо управување со СП Вевчански Извори”, Еко-свест организираше и зема учество на низа обука на ренџерските служби на заштитани подрачја во Македонија и Интервентниот тим за крупни месојади.

Едукативни активности на Еко-свест Вевчани (2024)

Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани активно работи на подигнување на јавната свест за заштита на природата и живиот свет. Преку активностите на проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” финансиран од ПОНТ, спроведени се низа едукативни работилници со деца и млади, јавни дискусии и филмски проекции, како и уметнички работилници и посети во природа.

Планинска вело тура “Вевчанска Голина – локва 2024”

Еко-свест Вевчани и Велосипедско друштво Рупикапра MТБ Струга овој викенд на 7.7.2024 година, беа организатори на Планинската вело тура Вевчанска Голина – Локва. Над 130 учесници од целата држава, се запознаа и уживаа во убавините на Вевчани, планината Јабланица и Споменикот на природа Вевчански Извори. Целта на турата е да ги промовира можностите за развивање на велосипедскиот туризам на ова подрачје и убавините на планината Јабланица и Споменикот на Природа Вевчански Извори.

Трајната поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори” (2024)

Еко-свест во соработка со Општина Вевчани ја отвори Трајната поставка за природа насловена “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори”. Поставката се наоѓа во Мултикултурниот Центар Коста Србакоски во Вевчани и има за цел промоција на природните вредности на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори и планината Јабланица, преку едукација и подигнување на јавната свест. Трајната поставка е еден вид едукативен центар при посета на Вевчани од основните и средните училишта со цел спроведување на еднодневни екскурзии, како и за туристите, студентите и сите љубители на природата. Трајната поставка треба да претставува и наша определба за заштита не само на Споменикот на природа „Вевчански извори“ туку и на целата планина Јабланица.
Поставката изобилува со забавни и едукативни содржини за сите возрасти и е изработена на македонски и англиски јазик. Таа овозможува запознавање со природните вредности и реткости на подрачјето. Преку интерактивни игри кои се направени посебно за најмладите, поставката ќе даде извонредна можност за едукативни активности за основните училишта од регионот и пошироко. Во комбинација со едукативните активности во природа, како и акциите со граѓанска наука, оваа изложба го комплетира едукативното искуство и за средношколците и возрасните љубители на природата. Поставката е изработена и поставена од Еко-свест како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест – финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONТ.

21 март – Првиот ден на пролетта Локалната канцеларија на Еко-свест Вевчани го одбележавме првиот ден на пролетта со заедничка акција за засадување садници со учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани (2023)

Се радуваме дека овие дрвја ќе им држат сенка на учениците во летните денови и ќе ги потсетуваат колку ни се потребни зелените површини.
Оваа активност е дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” финансиран од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), спроведуван од локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани.

Извидничка смотра (2023)

Тимот на Еко-свест учествуваше на 13тата Смотра на Сојузот на извидници на Македонија која во периодот од 13 до 17 јули 2023 година се одржуваше во Крушево. Oдржавме серија на активности за еколошка едукација со повеќе од 1000 извидници од 16 земји од Европа.
Младите извидници учеа за живиот свет кој ги опкружува, птиците, животните, растенијата, како тие меѓусебно си влијаат и зависат како дел од природните екосистеми. Учевме дека при престој во природа треба да сме внимателни и да се однесуваме со почит кон дивите видови кои престојуваат во природата.
Заедно идентификувавме растенија, пеперутки, инсекти, јадевме шумски плодови, учевме за значењето на биодиверзитетот и како тој е значаен за храната која ја јадеме, водата која ја пиеме и воздухот кој го дишеме. Научивме и дека секој од нас има можност и одговорност да придонесе во зачувување на таа биолошка разновидност.

Свечено отворање на канцеларија во Вевчани (2022)

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест денес во Вевчани отвори своја локална канцеларија, а беше потпишан и Договор за проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје „Вевчански извори“, со PONT (Prespa Ohrid Nature Trust) кој ќе се спроведува до август 2025 година. Извршната директорка на Еко-свест – Ана Чоловиќ Лешоска подвлече дека овој проект всушност се надоврзува на низа претходни успешни активности на Еко-свест, кои беа реализирани во соработка со Општина Вевчани и релевантните чинители во Заштитеното подрачје „Вевчански извори“. Еко-свест во 2018 година го поддржа донесувањето на Планот за управување со заштитеното подрачје и помогна на Општината да воспостави систем за негово одржливо управување.