Природно Наследство – Габи

Габи

На територијата на планината Јабланица на која се наоѓа и заштитеното подрачје Вевчански извори,  регистрирани се вкупно 178 видови габи. Голем дел од регистрираните видови на габи се среќаават и на самата територијата на заштитеното подрачје. Во однос на економско исплатливи видови на габи, регистрирани се  86 видови кои можат да се употребуваат во прехранбената индустрија, додека 22 вида се отровни печурки кои доколку би се употребувале, нивната намена би била претежно во индустријата за производство на лекови.

Според извршената валоризација на видовите габи утврдено е присуство на 4 вида (Agaricus macrosporus, Amanita caesarea, Boletus aereus и Boletus satanas) кои се наведени во Прелиминарна Црвена Листа на Макрогаби во Македонија, во категорија на видови загрозени од прекумерна експоатација. Исто така, регистрирани се 12 вида на габи кои се наведени во Европската Црвена Листа на Макрогаби, од кои еден вид (Boletus satanas) според критериумот А (висок степен на закана од исчезнување), 4 вида (Agaricus macrosporus, Boletus queletii, Boletus rhodhopurpureus, Phylloporus pelletieri) според критерумот B (среден степен на закана од исчезнување) , 6 вида (Astraeus hygrometricus, Boletus aereus, Dentipellis fragilis, Dichomitus campestris, Leucocortinarius bulbiger, Omphalotus olearius) според критериумот C (понизок степен на закана од исчезнување) и еден вид (Amanita caesarea) според критериум D (закана од локално исчезнување).