Природно Наследство – Пеперутки

Пеперутки

На територијата на планината Јабланица, на чија територија се протега и заштитеното подрачје Вевчански Извори Споменик на природата, се присутни пет фамилии на дневни пеперутки со 107 видови: Papilionidae со 5 видови; Pieridae со 15, Lycaenidae со 33, Nymphalidae со 45 и Hesperiidae со 9 видови.

Овие видови најчесто се среќаваат во отворените места во шумските живеалишта, на рабовите на шумските живеалишта, по течениjaта  на водените површини, по ливадите и пасиштата и во руралните населби.

На територијата на заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ присутни се 8 видови кои се наведени во Европската црвена листа на пеперутки, од кои 7 се наведени како близу засегнати (NT), а еден вид (Синоглава пеперутка- Phengaris arion) е наведен како загрозен (EN). Според директивата за живеалишта на Европската унија, наведени се 7 видови од кои 3 вида се присутни на прилог II (животински и растителни видови од интерес за Европската заедница чија заштита бара прогласување на специјални подрачја за заштита). Три вида (Аполоновата пеперутка- Parnassius apollo, Лажна аполонова пеперутка- Parnassius mnemosyne, Јужно велигденче- Zerynthia polyxena) се наведени во прилог IV (животински и растителни видови од интерес за Европската заедница на кои е потребна строга заштита)  и еден вид (Балкански синец- Polyommatus eroides) е наведен и во прилог II и во прилог IV. Согласно Бернската конвенција, утврдено е присуство на 4 вида (Parnassius apollo, Parnassius mnemosyne, Zerynthia polyxena, Шаренец- Euphydryas aurinia)  кои се наведени во Прилог II (строго заштитени видови од фауната) од истата конвенција.

Закани за пеперутките: Најголемите закани за пеперутките се промени во живеалиштата и нивната загуба поради развој на инфраструктурата, индустријата и земјоделието. Климатските промени исто така се  закана за пеперутките и нивниот опстанок.