Програмата за грантови за 2026 година на Еко-свест
Почитувани, Еко-свест ја објавува Програмата за грантови за 2026 година, со цел да ги поддржи граѓанските организации и нивните партнери во предводењето на промените кон праведно и отпорно општество. Во оваа фаза на програмата, ги покануваме заинтересираните...
Бевме домаќини на најљубопитните млади истражувачи!
Имавме прекрасен ден исполнет со дружење, учење и многу забава со учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга и ПОУ „Јонче Крежески“ с. Мислешево. Нашата денешна еко-работилница ја поделивме во два возбудливи дела: Авантура во Трајната поставка за природа: Учениците...
Експедиција низ Заштитеното подрачје “Вевчански Извори”
Изминатиот викенд, училниците ги заменивме со планински патеки, а учебниците со жив екосистем. Заедно со енергичните средношколци од Вевчани и Струга, се упативме на една поинаква авантура – едукативен хајк кој го нарековме 'Истражувачка експедиција низ Споменикот на...
Синиот отпечаток на природата: Младите вевчанци создаваат магија низ сонце и вода!
Нашата мисија за заштита на природата секогаш добива најмногу смисла кога низ креативност ги поврзуваме најмладите со нивното природно богатство. Изминативе денови, во срцето на Вевчани, заедно со учениците од ОУ „Страшо Пинџур“, реализиравме уникатни работилници за...
ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ
Вевчанските извори се наоѓаат на 900 м н.м. Во 1997 год. се прогласени за Споменик на природата. Од центарот на Вевчани до самиот локалитет, патот е асфалтиран и има околу 550 метри, а се стигнува за околу 7 минути со пешачење. Вевчанските извори се одликуваат со доста богата биолошка разновидност и се едни од најпосетените места во Македонија од домашни и од странски туристи.
За време на вечерните и ноќните часови, изворите можат да се посетат бидејќи се насекаде осветлени, поставени се и подводни рефлектори со што водата добива посебна убавина. Изобилството на вода, и пештерата од која таа извира е посебна атракција за привлекување на домашни и странски туристи, на самото место има маси со клупи за одморање, изграден е видиковец, а се наоѓаат и три помали цркви кои секогаш се отворени за посета. Локалитетот во изворот поседува инфо-табли од кои туристите можат да се информираат за биолошката разновидност во локалитетот.








