Еко-свест Вевчани и Рупикапра МТБ Струга со задоволство ве покануваат на Велосипедски настан “Планинска вело тура Вевчанска голина – локва”

Турата ќе се одржи на 7.7.2024 година, со почеток од Вевчани во 9:00 часот.

Целта на оваа вело тура е да ги промовира убавините на планината Јабланица и Споменикот на Природа Вевчански Извори, како и можностите за развивање на велосипедскиот туризам на ова подрачје.

Турата започнува од Центарот на Вевчани со цел Вевчанска Голина (локва). 

Патеката од Центарот на Вевчани продолжува по следниот редослед Вевчански Извори – Есејнца – Смолејца – Јанков Камен – Манастир Св. Климент – Горна Белица – Вевчанска Голина (Видиковец) | па назад кон Вевчани преку Средни рид.

Патеката е со должина од 30км и елевација од 1100м. Секој учесник на велосипедскиот настан треба да е физички спремен, турата може да се карактериза како 8/10.

*Опцијално: Секој учесник по желба може да се приклучи на кратко планинарење од 30мин од Видиковецот на Вевчанска голина до Вевчанска Локва и да ужива во капење во бисерот на Јабланица, глацијалното езеро Вевчанска Локва.

За сите пријавени учесници следуваат промо материјали, ручек и освежување. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат задолжително да се регистрираат со пополнување на формуларот, со скенирање на QR кодот или на следниот линк: http://Формулар за пријава

Учеството на настанот е бесплатно!

*Учеството на турата е сволеволно и секој учесник ги превземам самиот сите ризици што можат да настанат во текот на возењето и се обврзува да ги почитува правилата поставени од организаторите.

Како активности пред турата, Еко-свест и Рупикапра МТБ заедно ќе организираат низа различни активности како акции за чистење на отпад, расчистување на патеки, поставување на патокази и сл.

Вело турата е поддржана како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори ” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.