Природно Наследство – Водоземци

Водоземци

Водоземците заземаат посебно место во еволуцијата на рбетниците, бидејќи се првите претставници на четири нозе кои го освоиле копното. Од нивото прво појавување, па се до денес претрпеле доста значајни еволутивни промени, правејќи ги способни за живот во вода и на копно. 

Водоземците на планината Јабланица се недоволно истражени од научниците и недоволно познати за пошироката јавност. Од скромните теренски истражувања на територијата на планината Јабланица, како и според достапните литературни изданија регистрирани се 11 видови на водоземци: Lissotriton vulgaris (Обичен тритон), Ichthyosaura alpestris (Алпски тритон), Salamadra salamandra (Огнен саламандер), Bombina variegata (Огнена жаба), Pseudepidalea viridis (Зелена крастава жаба), Bufo bufo (Обична крастава жаба), Hyla arborea (Гаталинка), Rana dalmatina (Поточна жаба), Rana graeca (Грчка жаба), Pelophylax ridibundus (Езерска жаба) and Rana temporaria (ливадска жаба).

Според меѓународните конвенции и закони за заштита на животинскиот свет извршена е валоризација на регистрираните водоземци на планината Јабланица и утврдено е дека: сите видови се наоѓаат под заштита на Бернската конвенција, од кои 4 вида (Bombina variegata, Rana dalmatina, Pseudepidalea viridis, Hyla arborea) се наведени во Прилог II, а преостанатите 7 се наведени во Прилог III. Понатаму, на Директивата за живеалишта на Европската унија наведени се 5 од идентификуваните видови, во Емералд мрежата е вклучен еден од видовите (Bombina variegata), а на црвената листа на IUCN се наведени сите идентификувани видови, но истите се оценети како најмалку загрозени (LC).