Природно Наследство – Влечуги

Влечуги

Според теренските истражувања, како и според достапните литературни податоци на Планината Јабланица во чиј состав припаѓа и заштитеното подрачје Вевчански извори, идентификувани се 20 видови на влекачи: Eurotestudo hermanni (Херманиева желка), Testudo graeca (Грчка желка), Emys orbicularis (Блатна желка), Algyroides nigropunctatus (Лушпест гуштер), Podarcis muralis (Ѕиден гуштер), Podarcis erhardii (Македонски гуштер), Podarcis tauricus (Степски гуштер), Lacerta trilineata (Балкански зелен гуштер),

Lacerta viridis (Зелен гуштер), Lacerta agilis (Планински гуштер), Anguis fragilis (Слепок), Platyceps najadum (Џитка), Zamenis longissimus (Ескулапов смок), Elaphe quatuorlineata (Ждрепка), Coronella austriaca (Медена змија), Dolichophis caspius (жолт смок), Natrix tessellata (Рибарка), Natrix natrix (Белоушка), Vipera ammodytes (Поскок) и Vipera berus (Шарка). 

Според извршената валоризација на влечугите утврдено е дека сите видови се наоѓаат под заштита на Бернската конвенција, од кои 6 вида се наведени во Прилог II (строга заштита), а преостанатите 14 се наведени во Прилог III.

Македонска Желка

Македонски Гуштер

Македонска Змија