22 март| 13:00 во Мултикултурен Центар “Коста Србакоски” Вевчани.
Трајната поставка со својот едукативен карактер има цел да ги доближи до посетителите информациите за природните вредности на заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански Извори и планината Јабланица.
Трајната поставка е изработена од Еко-свест како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.