Пансионот Премиер e нов сместувачки објект лоциран во самиот центар на Вевчани, комплетно oпремен и уреден во најсовремен стил . Располага со 9 двокреветни соби со балкон ,опремени со комплет тоалет со туш кабина ,клима уред ,тв,интернет,а во четири од нив има и помошно легло ,односно вкупно 22 легла. Исто така,Пансион Премир располага со сала ,климатизирана и опремена, соодветна за одржување на семинари ,конференции,презентации и друг вид на состаноци со капацитет до 30 места. Пансионот работи на принцип -ноќевање со доручек (BB).
Тука ,вековната традиција на руралната сценографија ,се надополнува со современата архитектура и удобност на објектот,гостопримството и професионалната услуга,утринско кафе и муабет на средсело и вкусната вевчанска кујна.
На само стотина метри од објектот ,се преубавите Вевчански Извори и шеталиштето покрај Вевчанската река,a потоа раскошот на православието сo Црквата Св Никола, Археолошкото наоѓалиште со црквата Пресвета Богородица,петте Свети параклиси,а недалеку над сите нив ,се воздигнува Вевчанскиот Личник -планинскиот манастир Свети Спас.
Престојот во Пансион Премиер ,Ви дава единствена можност и уживање ,да бидете на средсело во Вевчани,да го почувствувате неговиот дух ,пулс на живот и да го соните сонот вевчански.