Добредојдовте на единствената и неповторлива локација:на врутокот,на избликот,на пенеењето , на клокотот, на првотекот, на здивот на Вевчанските извори!
Ви посакуваме чудесни доживувања и пријатни чувства непосредно преку глетка,жубор и допир со брзите речни води! Сето тоа заедно во една хармонична целина со: егзотичен амбиент, современ дизајн, богата и разновидна традиционална кујна,извонредна услуга,добро опремени соби за ноќевање и поволни –прифатливи цени.

Ресторанот има капацитет да угости 100 гости. Бидете и Вие таму каде што се доведени и опстојуваат во непрестан пулсирачки склад природата,човековата дарба и творба и нашата срдечност и гостољубивост!

Добредојдовте во ресторан ,,Во Извор“ Вевчани