Пупинова куќа покрај ресторантскиот и музејски капацитет, располага со капацитет и нуди услуги за сместување. Трите соби со кои располага угостителскиот објект  се уредени во традиционален македонски стил и во комбинација со ресторанскиот дел претставува одлична можност за одмор и релаксација. Самата локација  во центарот на Вевчани обебзедува пристап до локалните кафулиња и продавници и лесен пристап од автобуската станица која е во непосредна близина на угостителскиот објект.