Пансионот Премиер  e  нов  сместувачки објект лоциран во самиот  центар на Вевчани, комплетно oпремен и уреден во најсовремен стил . Располага со 9 двокреветни соби со балкон  ,опремени со комплет тоалет со туш кабина ,клима уред ,тв,интернет,а во четири од нив има и  помошно легло ,односно вкупно 22 легла. Исто така,Пансион Премир располага  со  сала ,климатизирана  и  опремена, соодветна за одржување на семинари ,конференции,презентации и друг вид на состаноци со капацитет до 30 места. Пансионот работи на принцип -ноќевање со доручек (BB).

Тука ,вековната традиција на руралната сценографија ,се надополнува со современата архитектура и удобност на објектот,гостопримството и професионалната услуга,утринско кафе и муабет на средсело и вкусната вевчанска кујна.

На само стотина метри од објектот ,се преубавите Вевчански Извори и шеталиштето покрај Вевчанската река,a потоа раскошот на православието сo  Црквата Св Никола, Археолошкото наоѓалиште со црквата Пресвета Богородица,петте Свети параклиси,а  недалеку над сите нив ,се воздигнува Вевчанскиот Личник  -планинскиот манастир Свети Спас.

Престојот во Пансион Премиер ,Ви дава единствена  можност и уживање ,да бидете на средсело во Вевчани,да го почувствувате неговиот дух ,пулс на живот и да го соните  сонот вевчански.