Ресторанот Домаќинска куќа е лoциран на стотина метри од прочуените Вевчански извори. Традиционалниот Македонски амбиент ресторанот го први единствен не само во Охридско -Преспанскиот регион туку и пошироко.

Во ресторанот можете да ги вкусите домашната пита, проја, витканик, кашаник како и домашното лепче од сопствената фурна. Сето ова можете да го залиете со домашно вино “Вевчанска крв” , домашна бела и жолта ракија од сопствената винарија – УНИФРИ. Пробајте го домашните пршути, кулен, панцета како и домашните сирења. Во сопствената фурна се печат јагниња, јариња, прасиња, ребра…

Ресторанот е со капацитет од 150 места распоредени во различни простори на три нивоа и поседува тераса од 110 места, заедно многу погодни за секаков тип на веселби и прослави.

Традиционално Вевчанско Луканче изработено по рецепт на старите Вевчанки со добар вкус  и добра арома стара 1400 години. Вевчанска тава со сува пиперка и   вевчанско кромитче подготвена со  добро свежо домашно месо. 

Во ресторанот Домаќинска куќа можете повторно да уживате во помалку заборавените стари селски специјалитети. Еколошки чистата храна уште повеќе ќе ви го долови амбиентот на нашата вековна традиција

Ресторанот Домаќинска куќа поседува и сопствена винарија, каде ќе ве изненади зрелоста на домашното вино и ракија. Oколината на Вевчани изобилува со природни
убавини и може да се каже дека екологијата во овој дел од Македонија е на високо ниво. Од локалните лозови насади и еколошки чистото грозје произлегува прекрасното домашно вино и ракија кое се складира во сопствениот подрум УНИФРИ.

Преку спојот на дрвото и каменот, традиционалните предмети и старото огниште овде ќе ја почувствувате топлината што ја пружа МАКЕДОНИЈА.