Ресторан „Кутмичевица“се наоѓа на прекрасна локација во  Вевчани – Република Македонија, опкружен со прекрасна природа, убав и чист воздух, уредени патеки за прошетка и рекреација и уште многу други убавини. Во ресторанот можете да уживате во убавиот амбиент и убавите специјалитети приготвени на традиционален македонски начин и сервирани во традиционален прибор за јадење.

Четириесет и девет скалила има најубавата улица во Вевчани – Римпапица. На педесеттата, број 113 се наоѓа Кутмичевица, своевиден одраз на Кадмичевица – Светиклиментовата област од каде светителот оддалеку како на дланка го гледал Белото Езеро и Охрид. Од најубавата тераса во Македонија, широко се отвора погледот на митските вевчански и дримколски простори од Јабланица па се до Пелистер, на сѐ уште сочуваните антички патишта и краците на Виа Сакра, како и на култот поврзан со апостолските мисии на Св. Павле.