Како дел од реномираната градежна компанија „ВИА“, во атарот на историското Вевчани, веќе 25 години, егзистира ресторанот „ВИА ИГНАЦИЈА“, кој прерасна во синоним за одличен вкус и високи угостителски стандарди, кои во спој со традиционалното вевчанско гостопримство и автентичниот природен амбиент, создадаваат место кое пленува од првиот миг. Далеку од градската врева на само неколку километри од охридското крајбрежје, во атарот на историското Вевчани, врвните професионални кувари за вас ја приготуваат највкусната храна, чиј почеток и крај се оригиналните рецепти и гурманската кујна.  

Како резултат на долгогодишното искуство и посветеноста на персоналот, „ВИА“ стана синоним за голем број уникатни специјалитети кои се совршен спој на традиционалната македонска и интернационална храна.

Распослан во подножјето на планината Јаблабница, Ресторанот пленува со сопствената архитектонска посебност, која е надополнета со природните убавини кои го опкружуваат. Вевчанските извори, големиот број историски локалитети, цркви и манастири, како и бујната шума се вистинска причина да посветите дел од вашето време за забава и дружење.

Капацитет

Ресторанот има капацитет од 150 гости, а располага и со ВИП салон, голема тераса, сопствен рибник, детско катче, голема полјана, како и паркинг простор за 50 возила.

Водејќи се од потребите на гостите, како дел од Ресторанот функционира и апартманско сместување од највисока категорија.

Наспроти динамичното секојдневие „ВИА ИГНАЦИЈА“ е одличен избор за вашиот одмор, прекрасни семејни ручеци, прослави, конференции или конгреси.

Професионалниот тим на ресторанот е во секое време на ваша услуга да се погрижи во целост да се посветите на вашето неоповторливо пријатно уживање, кое ќе ве поттикне постојано да се навраќате во „ВИА ИГНАЦИЈА“ и во Вевчани.

Резервации и информации на телефон 046-798-527.

„ВИА ИГНАЦИЈА“ ПОВЕЌЕ ОД 25 ГОДИНИ ВО СЛУЖБА НА ДОБРИОТ ВКУС“ !