На 9ти и 10ти март, во Вевчани спроведовме практична и теоретска обука за чуварската служба на Заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански Извори. Обучувач беше Бојан Ранташа. Првиот ден се спроведе на терен, додека вториот се спроведе во канцеларијата на Еко-свест во Вевчани. Обуката содржеше најразлични активности, меѓу кои, должностите на чуварите на заштитените подрачја, активности од Планот на управување, евиденција, важност и мониторинг на видови, едукација на посетители, познавање на природата, имиџ и улога на чуварот во заштитеното подрачје, ондос кон посетители и конфликтни ситуации, авторитет на природата наспорти авторитет на институција итн.

Оваа активност е дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” финансиран од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), спроведуван од локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани.