Како дел од Трилатералниот проект за кафеавата мечка денес во нашата канцеларија во Вевчани во соработка со МЕД/MES организиравме обука за методи на мониторинг на крупни месојади на ренџерската служба на Споменикот на природата Вевчански Извори.

Заштитеното подрачје Вевчански Извори претставува дом за голем број крупни месојади и ние како организација продолжуваме со активностите за мониторинг и заштита во подрачјето.

Проектот е финансиран од Fondazione Capellino.