Еко-свест и Национален Парк Галичица со ученици вежбаа бонтон во природа и како се чуваат заштитени подрачја.
Кога одиме на гости има правила на однесување. Така, и кога ја посетуваме природата постои бонтон, односно правила како што треба, што може, а што не треба да се прави кога сме на гости во шумите и зашитените подрачја.
 
Еко свест заедно со вработените од National Park Galicica организираа едукативна тура во природа за учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани со кратка прошетка низ Споменикот на природата Вевчански извори. Учениците собираа растенија и надгледуваа животински видови кои ги среќаваа во прошетката. Потоа учеа за нивните карактеристики, односно зошто секој вид е посебен и важен и учеа како треба да се однесуваат кон нив во заштитените подрачја. Младите се запознаа со значењето и зошто ни се потребни заштитени подрачја и каква е секојдневната работа на вработените.
 
Вработените во заштитените подрачја ги објаснуваа начините како се врши надгледувањето и како се следи развојот во природата и кај животинските видови, а учениците помагаа во мониторингот преку граѓанска наука со користење на апликациите INaturalist I Plant Net. Ниедна тура по овие предели нема да биде целосна и ако не се осврнеме на присуството на ѓубре во природата, па со учениците собиравме и отпадоци на трасата по која се
движевме.
Оваа активност е само една од низата кои Еко-свест ќе ги спроведува со НП Галичица со цел да се поттикнат и упатат младите како можат да придонесат кон подобрување на заштитата на природата. ⛰
Овие активности се во рамки на проектот “Поддршка на одржливо управувување со Споменикот на природата Вевчански Извори” поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.