Од водата доаѓа животот. Без водата нема ништо. Тоа е важно да се знае за да се однесуваме со почит кон овој основен ресурс кој поврзува сѐ на нашата планета. Кон нашите реки и езера.
 
Креативните ученици од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани заедно со уметникот Горан Ристовски и Еко-свест Вевчани направија голем потсетник кој ќе го гледаат секојдневно. Исцртаа мурал во училишниот двор со кој на своите врсници, но и на жителите и на посетителите на Вевчани сакаат да им укажат за значењето на водата и природните вредности.
 
Двете жени ја симболизираат водата од која пијат сите живи суштества и растенија.
 
Голема благодарност за вредните раце на учениците и уметникот Ристовски.
 
Оваа активност е во рамки на проектот “Поддршка на одржливо управувување со Споменикот на природата Вевчански Извори” поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.