Еко свест заедно со учениците и наставниците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани денес се приклучија во акцијата Генералка Викенд со чистење на улиците низ Вевчани и Вевчанските извори. Се собираа несоодветено расфрлани отпадоци во околината (пластика, хартија и др). Со здружување на силите и соработка, може да се направат големи промени во нашата околина.
Денешната акција претставува потсетник за сите посетители и граѓани да го променат односот кон природата, да се грижат за неа и да ја чуваат.