По повод меѓународните денови на пчелата и биодиверзитетот, на гости во нашата канцеларија ни беа учениците од V одделение од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани.  Заедно учевме за значењето на биодиверзитетот за целиот живот на планетата, за чистиот воздух што го дишеме, вода што ја пиеме и храната што ја конзумираме. Научивме и дека улогата на пчелите не е само да прават мед и дека благодарение на нив имаме јаготки, цреши и сливи и многу други овошки и зеленчук.
За да им помогнеме на пчелите заеднички насадивме цвеќиња во нашата градина кои ќе ја зголемат нивната храна во наредниот период.
Активностите се во рамки на проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори” поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.