Центарот за истражување и информирање за животната средина Eko-svest и Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team, во локалната канцеларија на Еко свест во Вевчани потпишаа меморандум за соработка како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје Вевчански извори” поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Соработката ќе биде насочена во промовирање и поддршка на проектните активности околу Заштитеното подрачје Вевчански извори.
🚵‍♂️Рупикапра ќе учествува во активности како маркирање на велосипедски патеки, велосипедски тури, акции за чистење и сл.