21 март во локалната канцеларија на Еко-свест Вевчани го одбележавме првиот ден на пролетта со заедничка акција за засадување садници со учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани.

Се радуваме дека овие дрвја ќе им држат сенка на учениците во летните денови и ќе ги потсетуваат колку ни се потребни зелените површини.

Оваа активност е дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Заштитеното подрачје Вевчански извори” финансиран од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), спроведуван од локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани.