Во соработка со INKA – Initiative for independent cultural activism се собравме во прекрасен амбиент во старата шума во околината на манастирот Св. Спас, над Вевчани, со прекрасен поглед кон Охридското Езеро за да организираме работилница.
Во овој природен рај, инспирирани од прекрасната природа околу нас, уметниците ја пренесоа својата визија во дела.
Сакаме да изразиме благодарност кон уметниците за соработката. Нашата визија и надеж е дека овој настан ќе ја поттикне свеста и активизмот за заштита на природата.
Оваа активност е дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори” поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.