Продолжуваме со поставување нови информативни табли со цел поголема видливост, ориентираност и информираност на посетителите на Споменикот на природа Вевчански извори. Информативните таблите содржат информации за биолошката разновидност и убавините на заштитеното подрачје Вевчански извори, како и за дозволените и забранети активности според зоните на заштита.

Овие активности се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори” – спроведуван од локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.