Заедно со учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани бевме во посета на Национален Парк Галичица/National Park Galicica. Преку позитивна дружба истражувавме и колекциониравме разновиден растителен и животински материјал.

Граѓанската наука е одличен начин посетителите да уживаат и да учат, а воедно и да придонесуваат во научните истражувања.📚
Во процесот на Граѓанска Наука може да се вклучи секој оној кој има желба да придонесе кон работата на заштитените подрачја, без претходно било какво научно познавање за растителниот и животинскиот свет во подрачјето.
Активности се финансирани од страна на Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори” спроведуван од Eko-svest во Вевчани.