Најпрво, на гости ни беа нашите драги ученици од 3то одделение од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани предводени од наставникот Дарко Пешиноски. Заедно учевме зошто треба да работиме на поголема заштита на природата и зошто се важни заштитените подрачја, како и за животните во Споменикот на природа Вевчански извори и нашата прекрасна планина Јабланица. 🦎🐞 🌳
Се надеваме дека оваа работилница ќе биде мотив кај учениците уште повеќе да ја сакаат и чуваат природата.
После неколку денови, заедно со учениците од 3то б одделение од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани учевме за животните и растенијата во нашата планина, како да се однесуваме во природа и како да ја чуваме. Благодарност до учениците и наставничката Ружица Димитриеска за дружбата.
Се радуваме на секое ново дружење со учениците А за крај ги угостивме и заедно бевме на прошетка до Вевчанските извори со учениците од ООУ Единство – Октиси. Заедно учевме за животните и растенијата во нашата планина, како и за шумските плодови кои ни ги дава таа. Голема благодарност до учениците и наставничките за другарувањето.
Активности се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, a спроведувам од Еко свест во Вевчани.