Еко свест заедно со ренџерската служба на Споменикот на природа Вевчански извори учествуваа на работилница за прекуграничен мониторинг и интервентен тим за мечка во Лемос-Грција, организирана како дел од Трилатералниот проект за кафеавата мечка.

На работилницата беа презентирани искуствата на интервентните тимови за мечка во Грција, а на теренска посета на НП Преспа беа презентирани и методите кои се користат во случај на конфликти помеѓу мечките и луѓето.

Овој настан беше одлична можност колегите од повеќе заштитени подрачја да разменат искуства и знаења, како и да постават основа за заедничка соработка во иднина.