Продолжуваме со низата на едукативни работилници со млади. По повод Меѓународниот ден за заштита на дивиот свет организиравме работилница со шесто одделенците од ООУ Единство – Октиси.
Со младите вљубеници во природата разговаравме за видовите кои се загрозени или под закана од исчезнување, за потребата да се биде свесен, да се размислува и да се преземе акција кога станува збор за прашања кои го загрозуваат балансот на биолошката разновидност на дивиот свет.
Благодарност до учениците и наставничката Ангелина Стојкоска за нивниот интерес и желба за заедничко учење.
Активностите се дел од проектот Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори – финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.