Се подобрува инфраструктурата за собирање на отпад од пластика во Вевчани, како дел од проектот “Собирај, рециклирај, креирај – од рециклирана пластика до иновација” финансиран од ПМГ ГЕФ, a спроведуван од Еко-свест Вевчани во партнерство со Ј.П. Еремја Вевчани.
Со ова, локалното население и посетителите ќе можат полесно да го селектираат својот отпад.🚮
Собраните пластични шишиња ќе бидат рециклирани, и дел од нив употребени за производство на 3Д печатени производи.
Со цел нашата околина да остане здрава и чиста, апелираме на правилна селекција. 🌿💧