Влијанието на климатските промени врз природата – Едукативна работилница со ученици од ООУ “Кочо Рацин”- Охрид
На првата работилница на отворено во 2024 година на гости ни беа учениците од 6то одделение од основното училиште Кочо Рацин од Охрид.
Заедно учевме за влијанието на климатските промени врз природата, какви предизвици ни престојат и како да ги ублажиме последиците од нив.
Низ прошетка во Споменикот на природа Вевчански Извори учевме за видовите на флора и фауна, и изработивме хранилки за птици со цел да им помогнеме на птиците да ги пребродат деновите во кои имаат недостиг на храна.
Голема благодарност до учениците и наставничката Наташа Неданоска за денешното другарување!