Вевчанската локва се наоѓа на запад од Вевчани, на источната планинска страна на Јабланица и во непосредна близина на македонско-албанската граница.
Сместено е во цирк, односно долот и пределот наречен Голина кој се наоѓа веднаш во источен правец во подножјето под највисокиот јабланички врв Црн Камен висок 2257 метри.
Езерото се наоѓа на апсолутна надморска височина од 1993 метри, при максимално ниво на езерската вода

Иако е постојано природно глацијално-циркно езеро, сепак неговата површина е променлива во текот на годината, во зависност од осцилациите што ги прави нивото на езерската вода. Така при апсолутно максимално ниво на езерската вода, Вевчанското Езеро има површина од 27 807,3 m², при максимално ниво е 21 009 m², при средно тоа зафаќа 15 838 m², а при ниско ниво површината изнесува само 7 697 m². Најголемата должина е во правец југозапад-североисток и истата изнесува од 243 m при максимално ниво, до само 151 m при минимално ниво (Василески, 2008). Осцилациите се во врска со сезоната (влажна-сушна), количеството на врнежи, брзината на топење на снегот и др.

Водата од езерото преку подземни пукнатини истекува кон Криви Вирој и сливот на Есејнца, односно во сегашните граници на СП Вевчански Извори.

👉Пишан извор: План за управување со Споменикот на природата Вевчански Извори за период 2019-2029 година