По повод Денот на Планетата Земја и овогодинешната тема „Планета а не Пластика“, формираме Еко-патрола со учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани и денес го расчистувавме отпадот од заштитеното подрачје Споменик на Природа Вевчански Извори за да ја подигнеме свеста кај посетителите и локалната заедница за загадувањето кое доаѓа најмногу од производи од пластика која не се распаѓа.

Како производ кој доаѓа од фосилни горива пластиката во целиот свој животен век – од екстракција, до производство и отпад- придонесува за загревање на Планетата и го прави невозможно намалувањето на последиците од климатските промени. Пластиката е штетна за здравјето на луѓето и ја загадува животната средина.

Избегнувајте производи во пластична амбалажа. Користете платнени торби за пазарење. Секогаш рециклирајте ја пластиката која ја создавате. Намалете го отпадот кој го создавате во домот или канцеларијата. Секој од нас може да придонесе за здрава планета!