Кога го кажуваме зборот „пчела“, обично сите помислуваат на еден вид – западната медоносна пчела (Apis mellifera). Меѓутоа, она што веројатно ќе ги изненади повеќето е податокот дека има преку 20.000 различни видови пчели!

Иако медот ни е прва асоцијација кога помислуваме на пчелите, најважната улога на оваа голема група на инсекти е опрашувањето на растенијата кои не‘ опкружуваат.🌿🌺🌻🌷

На глобално ниво забележен и документиран е тренд на намалување на разновидноста и бројноста на немедоносните пчели. Постои цела низа фактори кои негативно влијаат на пчелите ширум светот. Во последните две децении бројни студии се занимаваа токму со дефинирањето на оние фактори кои имаат најголемо влијание:

1. Фрагментација и уништување на живеалиштата поволни за пчелите

2. Климатските промени

3. Интензивно земјоделие

4. Прекумерна употреба на пестициди и

5. Инвазивни видови, патогени и паразити

Во прирачникот на Еко-свест, Пчели – повеќе од Мед (практичен водич за едукација низ светот на пчелите) можете да дознаете повеќе информации за животот на пчелите и како може да помогнеме во нивно зачувување.

Pceli-povekje-od-med.pdf (ekosvest.com.mk)