Кафеава мечка се соочува со многу закани поради фрагментацијата на живеалиштата и негативните човечки активности. На тромеѓето меѓу Македонија, Албанија и Грција, се работи на зачувување на популацијата на овие животни.

Од април 2022 до декември 2023 година, Еко-свест заедно со EuroNatur, Македонско еколошко друштво, Protection and Preservation of Natural Environment in Albania & Καλλιστώ и со поддршка од Фондацијата Капелино, работеше на Трилатералниот проект за кафеава мечка. Оваа иницијатива ги обедини локалните засегнати страни и ја зајакна политичката соработка за подобрување на живеалиштата на мечките и обезбедување нејзин опстанок.

Клучни успеси на проектот:

✅Воспоставивме прекугранична мрежа за заштита

✅Развивме заеднички методи за мониторинг на популацијата на кафеава мечка

✅Ја утврдивме фрагментација на живеалиштата и изготвивме мерки

✅Промовиравме соживот со дивите животни и обучивме интервентен тим за мечка