Темата на овогодинешниот меѓународен ден на животната средина е реставрација на земјиштето, па затоа денес заедно со учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани засадивме неколку автохтони садници.🌳🤝

Со оваа акција сакаме да испратиме порака, дека сите заедно треба да придонесуваме кон заштитата на животната средина, да си ја направиме својата околина почиста и позелена, како за нас самите, така и за идните поколенија.

Активностите се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест а финансиски поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.