Со цел уште од најрана ворзаст да ги поврземе децата со природата, а особено со игри и учење на отворено изработивме три нови Едукативни прирачници посветени на Споменикот на Природа Вевчански Извори.
Споменик на Природа Вевчански Извори – Експериментално поле за млади научници
Практичен водич за наставници од повисоки одделенија за спроведување активности во природа
Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи
Практичен водич за наставници од пониски одделенија за спроведување активности во природа
Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата
Практичен прирачник за воспитувачи во градинки за активности во природа
Eдукативните прирачници опфаќаат три возрасни групи, од предшколска возраст, пониските како и повисоките одделенија во основно училиште.
Во себе содржат голем број на практични совети, забавни и едукативни игри. Можат да ги користат наставниците, едукатори но и самите ученици во своите еко-секции и активности надвор од училиштето.
Инспирацијата за прирачниците доаѓа примарно од заштитеното подрачје Споменик на природа Вевчански извори, но тие може да се користи насекаде!
Прирачникот е достапен во електронска и печатена верзија.
Прирачниците се изработени како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест,а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.