Уметничка работилница со нашите трето одделенци од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани . Во големите сенки во Вевчански извори-Споменик на природата/Vevchani springs-Monument of nature креиравме и декориравме куќички за птици.🖌🎨

Децата учат преку игра. Ова е факт докажан со толку многу истражувачки трудови, а сепак често се игнорира при развивање образовни програми. Со фокусирање на фактите и резултатите од учењето, недоволно се посветуваат време и мисли за тоа „како“ да се стигне до таму. Токму таму лежи клучот на успехот. Децата учат преку игра. Па, нека си играат. Ако, згора на тоа, имате природна околина која може да се искористи како училница на отворено, магијата е целосна. Имате можност секој рид, поток, двор, градски парк или дел од шума да го претворите во највозбудливото место за играње и учење.

Со таа цел за децата да учат преку игра, ги изработивме трите нови едукативни прирачници посветени на СП Вевчански Извори. 🐞🌿

Еден од нив е и прирачникот “Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи” кој претставува Практичен водич за наставници од пониски одделенија за спроведување активности во природа.

Прирачникот се наоѓа на следниот линк 👉https://t.ly/TqCAF

Се надеваме дека овие прирачници ќе бидат причина за многу настава и игра во природа.

🤝Голема благодарност до наставниците и учениците за дружењето.

Прирачниците се изработени како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.