Каде подобро би го промовирале прирачникот “Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата”, ако не во Детската градинка Планински Цвет Вевчани

Нашите верни другарки и другари, секогаш расположени за дружење. А најмногу за дружењата надвор, во природа. Овој пат со една убава цел, да се запознаеме со новиот едукативен прирачник Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата кој претставува Практичен прирачник за воспитувачи во градинки за активности во природа. Со овие едукативни прирачници сакаме уште од најрана ворзаст да ги поврземе децата со природата, а особено со игри и учење на отворено.

Прирачникот може да го отворите на следниот линк👉https://t.ly/4iYam

Искрена благодарност до сите дечиња и персоналот на Планински Цвет Вевчани за издвоеното време. 🐞🌿

Прирачниците се изработени како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.