Поради сè почестата појава на отпад на патот кој води од влезот во општина Вевчани до самото населено место, Еко-свест во соработка со Општина Вевчани постави информативна табла која има за цел да им посака добредојде на посетителите и да ги потсети својот отпад да го одлагаат правилно и да не ја загадуваат природата.

Инфо таблата е поставена како дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” спроведуван од Еко-свест, а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.