iNaturalist е одлична алатка за споделување на набљудувања на растенија и животни во природата.

Со неа, можеме да ги запишуваме и споделуваме нашите набљудувања од природниот свет. Секое набљудување може да допринесе кон науката за биоразновидност, од најретките пеперутки до најчестите растенија. Нашите наоѓања се споделуваат со научни репозиториуми за податоци, како на пример со Глобалниот информативен центар за биоразновидност. За да им помогнеме на научниците да ги користат нашите податоци сè што треба да направиме е да набљудуваме и сликаме. Оваа апликација може да се инсталира на сите паметни телефони.

Еве неколку чекори како да ја користиме:

Снимете фотографии:

Превземете ја iNaturalist апликацијата (iOS или Android) или регистрирајте се на веб-страницата. Кликнете на иконата “Обсервација” и направете фотографии на флората и фауната околу вас. Можете и да внесете фотографии кои веќе сте ги направиле со телефонот или камерата.

Внесете ги податоците: Изберете го видот на организмот од предложените опции или пребарајте име. Внесете датум на набљудувањето и адреса за да се пресметаат координатите и точноста на локацијата, во многу случаи самата апликација го прави ова за Вас.

Споделете ги набљудувањата: Кликнете на “Сподели” за да ги прикачите вашите набљудувања. Апликацијата ќе ви даде предлози за име на видот, а може и да научите нови информации за организмот.

Преку iNaturalist, ние го следиме и документираме богатството на растенијата и животните во заштитеното подрачје “Вевчански извори”.

Сакаме да ги повикаме сите заинтересирани луѓе да се приклучат и да ги споделат своите набљудувања на следниов линк: iNaturalist

Повеќе информации за граѓанската наука и упатства за идентификација на видови: ekosvest.com.mk