Со цел запознање на учениците со 3Д печатењето како иновативен начин за рециклирање, Еко-свест во основното училиште во Вевчани одржа едукативна работилница, на која младите од осмо и деветто одделение имаа можност да се запознаат со целиот процес за подготовка на материјал за 3Д печатење од ПЕТ пластични шишиња, како и за функционалноста на 3Д печатачите, со што тие се обучени во иднина истите да ги користат.

Дополнително обучени се и наставниците од ООУ Страшо Пинџур за работа со опремата, со што учениците постојано ќе ја употребуваат, а со тоа ќе се покренува и свеста кај младите за потребата од рециклирање и реупотреба на отпадот.

🤝Работилниците беа спроведени во рамки на проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“, поддржан од ГЕФ ПМГ. Опрема која исто така е набавена како дел од проектот, ќе ја обезбеди целата потребна технологија и материјали за спроведување на процесот.