Учениците имаа можност да се запознаат со процесот за подготовка на материјал за 3Д печатење од ПЕТ пластични шишиња, како и за функционалноста на 3Д печатачите.
Oбучени се и наставниците за работа со опремата, со што ќе се обезбеди континуитет на работата со опремата и ќе се подигнува и свеста кај младите за потребата од рециклирање и реупотреба на отпадот.
Работилниците беа спроведени во рамки на проектот „Собери, рециклирај, креирај – Од рециклирана пластика до иновација“, поддржан од ГЕФ ПМГ а спроведуван од Еко-свест. Опрема која исто така е набавена за основните училишта како дел од проектот, ќе ја обезбеди целата потребна технологија и материјали за спроведување на процесот.





