Заедно со второ одделенците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани денес одржавме едукативна работилница за селектирање, рециклирање и реупотреба на предмети. Учевме кој отпад може да се рециклира и како, а од искористени пластични шишиња и хартија изработивме разни предмети како вазни за цвеќе, со цел помалку да ја загадуваме природата околу нас.![]()
Голема благодарност до учениците и наставничките Маја Ќитаноска и Мирјана Бебекоска за денешната дружба.








