Истражувањето на состојбата на питом костен во Споменикот на природа Вевчански Извори, е активност која се спроведуваше од страна на Еко-свест во периодот на 2024 година, а опфати теренски и лабараториски активности со цел анализа на состојбата на питом костен во СП Вевчански Извори. Истражувањето е спроведено од страна на проф. д-р Кирил Сотировски и доц. д-р Михајло Ристески од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје.
Клучна цел на активноста беше за цел да се процени здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански извори (СП Вевчански извори), со посебен осврт на последиците предизвикани од болеста „рак по костенот“, односно од габичката Cryphonectria parasitica, и во зависност од состојбата да се предложат соодветни мерки за подобрување на состојбата.
Подетално, во рамките на активноста се спроведени следните активности:
1. Идентификација, оценка и детален опис на моменталната здравствена состојба на питом
костеновите стебла во Споменикот на природа Вевчански Извори;
2.Собрани се примероци кора од активни и пасивни рак-рани заради изолација на габата и за
лабораториски истражувања;
3.Одреден в-к тип на добиените изолати in vitro;
4.Одредено присуство на хиповирулентност, и степен/процент на присуство на хиповирулентни
изолати;
5.Изготвена интерактивна карта (мапа) со локација на одделни стебла, и претставување на важни податоци за секое стебло (опис, димензии, мерки и други забелешки), заради идни апликативни и научно-истражувачки активности;
6.Изработен Извештај за активноста и насоки за подобрување на здравствената состојба на костените.
Истражувањето на здравствената состојба на питомиот костен во Споменикот на природа Вевчански Извори е дел од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански извори“ спроведуван од Еко-свест, финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
Повеќе информации во Извештајот на линкот во прилог.