Прекуграничниот проект за заштита на кафеава мечка (TBBC) се простира низ териториите на Македонија, Алабнија и Грција обединувајќи некои од најповолните живеалишта за кафеавата мечка.
Сепак, овие витални живеалишта се во опасност од тековните и идните инфраструктурни проекти кои ги разделуваат и ја нарушуваат еколошката поврзаност.
Преклопувањето на распространетоста на популацијата на мечки со заштитените подрачја во прекуграничниот регион помеѓу трите земји укажува на критичната улога на заштитените подрачја. Овие екосистеми не само што обезбедуваат прибежиште за мечките, туку и ја нагласуваат итната потреба за проширување и поврзување на истите.
Потребно е да се запрат сите штетни проекти во овие подрачја за да се обезбеди опстанокот на популацијата на кафеавата мечка и одржувањето на еколошката рамнотежа.
А во почетокот на февруари, во Националниот парк Пелистер, како дел од проектот се одржа и тренинг за интервентниот тим за кафеава мечка.
#TBBC #TransboundaryBrownBearConservation #BrownBear










