Со учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани го истражувавме Белчишко Блато, едно од најзначајните и најзачуваните блата во Македонија!
Во организација на Екотуризам Охрид учевме за уникатната природа на ова подрачје и за нераскинливата врска меѓу луѓето и овој екосистем низ историјата.
Преку истражување на терен и посета на Центарот со природнонаучната и етнолошката збирка, откривавме факти за стотиците видови птици, растенија и цицачи што го прават ова место вистинско природно богатство.
Огромна благодарност до учениците – младите љубители на природата, како и до наставниците Дарко Пешиноски и Ружица Димитриеска за нивната посветеност!
#ЗаедноЗаПриродата #Природа #ЕколошкаЕдукација #БелчишкоБлато
















