Денес, заедно со учениците од ООУ Страшо Пинџур – Вевчани, организиравме работилница за одржливост и креативност! Од стари и истрошени дрва од патокази и информативни табли изработивме клупи за седење, кои наскоро ќе бидат поставени на јавни места за да им служат на граѓаните.
Покрај тоа, ги поправивме оштетените патокази, кои повторно ќе бидат поставени и ќе служат за полесна ориентација низ природата.
Оваа акција има за цел да го истакне значењето и можностите од реупотребата на дрво. Веруваме дека секој мал придонес прави голема разлика во нашето опкружување.
Благодариме на сите учесници за вложениот труд и нивната креативност!
#ЗаедноЗаПриродата #ЕкоСвест #Заедница #Креативност #СпоменикНаПриродаВевчанскиИзвори #ЗаштитаНаПрирода #Јабланица







